Направи профил и добиј на меил код за 10% попуст на прва нарачка
Inebrya Blondesse Coloring Cream- Toner -Caramel Blonde 100ml
660 ден
Крем тонер за природно руса, бланширана или осветлена коса
Збогатен со екстракт од Кокос и Алое Вера
Blondesse тонерот има моќ да создаде навистина убави, софистицирани нијанси или, да додаде тон на косата, како и да ги неутрализира сите несакани бои.
Тонерот има многу нежен и женствен мирис.
Неговата формула не содржи амонијак, не содржи парабени и е 100% веганска, така што не се користени состојки од животинско потекло.
Активните состојки содржани во тонерот се Алое вера и Кокосово масло кои одлично ја хидрираат, регенерираат, негуваат и заштитуваат косата за време и после хемискиот третман за избелување.
Начин на употреба: Во не-метален сад се меша крем тонерот со хидроген 3,5/7/10Vol (1.05%/ 2.1% /3%) додека да се добие хомогена смеса. Се нанесува на влажна коса почнувајќи на 1цм од коренот, по должина и врвовите на осветлената коса. Време на делување од 3-15 минути во зависност од посакуваниот тон или рефлексија. Темелно се плакне со млака вода и потоа се мие со соодветен Blondesse третман.
Сооднос на мешање: тонер 1:2 со крем хидроген
Предупредување: боите за коса може да предизвикаат алергиски реакци.
Прочитајте ги следниве упатства. Овој производ не се препорачува да се користи за лица под 16 години.
Прелиминарен тест : втријте мал дел од бојата на внатрешната страна на лактот или зад увото. Оставете го делува два дена. Ако се јави осип, не ја користете бојата на вашата коса. Овој тест треба да го правите секој пат кога ќе ја бојадисате косата.
*** Само за професионална употреба
Шифра
sl16263
Категории Бои за коса, Технички производи, Inebrya
Shipping & Delivery


