За нас

Силк Солушн ДООЕЛ

СИЛК СОЛУШН ДООЕЛ Скопје е генерален застапник и дистрибутер за висококвалитетна и професионална козметика за коса од италијанските брендови Inebrya, AlterEgo и Alama Professional.

Водечка компанија за дистрибуција и продажба на професионална козметика за коса, како и опрема за фризерски салони во Македонија.

Од самиот почеток и нејзиното основање во 2011 година, се стремиме кон една и единствена цел - задоволен клиент.

На самите почетоци, соработката ја започнавме со професионалниот италијански бренд за козметика за коса Inebrya. Самото име Inebrya потекнува од глаголот „inebriare“, што значи воодушевување, восхитување, енергичност. Инспирацијата ја раѓа филозофијата на брендот, создаден во Италија во 1999 година, со цел да ги задоволи потребите на професионалците за нега на коса ширум светот. 

Еволуцијата на Inebrya го направи брендот меѓународна референтна точка во професионалниот свет за нега на коса кој е дистрибуиран во повеќе од 60 земји во светот. Има уникатен и непогрешлив стил Made-in- Italy, фокусиран на детали, квалитет и мода, со цел да остави свој белег низ целиот свет. 

Заедно со нашиот тим, ја споделуваме и ја шириме филозофијата на Inebrya за да допре до сите професионалци со кои соработуваме, но и да ги зајакне и да ги поддржи во реализацијата на нивните креации со нивните вешти раце. 

Подоцна асортиманот го проширивме со уште еден добро познат италијански бренд за професионална козметика за коса Alter Ego Italy

Филозофијата на Alter Ego е две души, една страст, резултира со убавина.

Историјата на Alter Ego е приказна за едно семејство, за страст и за целосно италијанска мисија, создадена од љубов кон детали, важни суровини и високи стандарди за квалитет од 1988 година. Alter Ego е бренд кој отсекогаш се идентификува со современа жена, која сака да биде убава и софистицирана, но истовремено сака да ја изрази и својата индивидуалност. 

Производи се дизајнирани да понудат беспрекорни резултати за да им помагнат на нашите професионалци да го вметнат својот скапоцен креативен придонес во работата, нудејќи иновативни производи со високи перформанси. 

Во 2024 година палетата на професионални производи за нега на коса се збогати со уште една висококвалитетна козметика Alama Professional.

Alama е бренд на PettenonCosmetics, венецијанска компанија, која е дел од AGF88 Holding, италијанска индустриска козметичка групација која произведува професионални производи за нега на коса и кожа од 1946 година.

Висококвалитетна и професионална козметика наменета и за домашни услови: Производите на Alama Professional имаат мисија да се грижат за убавината на сите типови коса, секој ден, за сите прилики, дома, додека патувате, после спорт.

При создавање на Alama се посветува внимание на еколошката и социјалната одржливост што се претвора во инвестиции во постојана потрага по сертифицирани суровини, рециклирана амбалажа и во подигање на свеста на потрошувачите за прашањата за одржливост.

Вредности и идеи кои се претвораат во проектот „Earth Friendly"

Мотото на Alama Professional - “КАКО ШТО СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ВАС ТАКА СЕ ГРИЖИМЕ И ЗА НАШАТА ПЛАНЕТА”

Со производите на Inebrya, Alter Ego и Alama Professional ја почитуваме и животната средина. 

Скоро сите пакувања се направени од рециклирана пластика и хартија. 

Започнавме со малку клиенти и неколку вработени, а сега сме многу, не само по број туку и по посветеност и креативност. Оваа заслуга и постигнат успех се плод на наѓиот заеднички труд и затоа од се срце Ви благодариме на довербата.